ДУА ЛИПА ГО ТУЖИ ,,SAMSUNG”: БАРА 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Поп ѕвездата Дуа Липа поднесе тужба вредна 15 милиони долари против ,,Samsung”, обвинувајќи ја компанијата дека без дозвола го користела нејзиниот лик на пакувања за телевизори продавани низ САД.

Според документите поднесени до федералниот суд во Калифорнија, фотографија од пејачката била поставена на повеќе модели телевизори со цел да се зголеми продажбата и да се искористи нејзината популарност.

 

Во тужбата се наведува дека фотографијата била направена за време на настапот на Дуа Липа. Авторските права на фотографијата ги поседува самата пејачка.

 

Тимот на Липа тврди дека ,,Samsung” ги игнорирал повеќекратните барања веднаш да престане со користење на нејзиниот лик. На социјалните мрежи, фанови почнале да го нарекуваат производот „Dua Lipa TV Box“, а дел од коментарите сугерирале дека токму нејзината фотографија ги мотивира луѓето да го купат телевизорот.

Покрај прекршување на авторски права, тужбата вклучува и обвиненија за злоупотреба на нејзиниот имиџ и неовластено комерцијално искористување на нејзиниот бренд

Back to top button
Close