ДУИ: Една недела институционално насилство врз Албанците – седум дена што ќе остават последици со години
Соопштение на ДУИ
Во една недела што ја разоткри вистинската слика на власт што ги третира Албанците како непожелни во сопствената држава, провокациите не запреа ниту еден ден.
Заменик-премиерот Стоилковиќ, кој претходно беше поставен на чело на министерството одговорно за Охридскиот договор не за да го брани, туку за да ги провоцира Албанците, сега го добива и одликувањето „Војвода Вук” од здружение што ги промовира вредностите на војните од 1912-1918 година – период кога Албанците беа масакрирани и протерани од своите родни огништа, а ниту Македонците не поминаа подобро. Чиста провокација, отворен предизвик кон жртвите и историјата.
Милорад Додик, негаторот на масакрите во Сребреница и Косово, беше пречекан во Скопје со највисоки државни почести и оттаму испрати пораки против НАТО и Европската Унија, величејќи ја Русија. Ова покажа дека оваа влада нема никаков западен курс, туку единствено врски со силите што му донесоа трагедии на Балканот.
На историски ден , 28 јануари, кога се одбележа годишнината од назначувањето на првиот премиер Албанце, Албанците беа понижени и дискриминирани повеќе од кога било, во атмосфера на отворени провокации.
Во Собранието, раководено од негаторот на албанскиот јазик, Африм Гаши, беа вработени само тројца Албанци, наспроти дваесет Македонци, а одлуките продолжуваат да се издаваат исклучиво на македонски јазик.
Владата незаконски му го укина статусот на правно лице на Инспекторатот за албански јазик, со јасна намера да се елиминира секој механизам за заштита на јазичната еднаквост. Овој потег не е само напад врз еден институционален орган, туку напад врз сите Албанци.
Премиерот ја објави листата од 17 свои советници, на која Албанците речиси и да не постојат. Ова е јасен доказ дека Албанците не се добредојдени во неговата влада и дека за нив нема место во одлучувањето.
На границата со Косово продолжуваат понижувачките и намерни колони во Блаце, координиран обид да се попречи секојдневната комуникација меѓу Албанците од двете страни на границата
А за крај на неделата, партиите од таканаречената Влен јавно признаваат дека не можат да ја освојат поддршката на Албанците и дека единствениот начин да преживеат политички е да се надеваат на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.,
Маските паднаа означувајќи го почетокот на политичкиот крај за групацијата што ги продаде албанските интереси за лична моќ.
Само седум дена, но штета што ќе остави последици со години.
Влада што не управува, туку владее со Албанците со ароганција и дискриминација.
Власт што веќе не ги крие своите намери.
Недела што покажа дека битката за еднаквост не е завршена