ДУИ: Финансираме речиси 200 инфраструктурни проекти

 

Денес сме тука пред вас да ги презентираме реализираните проекти, отчет што останува најважната задача на Демократската Унија за Интеграција.

Во овој период, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој исплати над 90% од субвенциите од 2019 година или претворено во финансиски средства претставува 5.847.000.000 денари распределени транспарентно и неселективно во над 65.000 земјоделски стопанства.

Од истата програма од 2019 година исплатени се 1.794.000.000 денари за 21.476 земјоделски стопанства за продажба на тутун во компании регистрирани за преработка на тутун.

Од програмата за финансиска поддршка за 2020 година, исплатени се над 1.800.000.000 денари за 19.495 земјоделски стопанства за продажба на тутун во компаниите регистрирани за преработка на тутун.

Со оглед на моменталната состојба со вирусот КОВИД 19, Агенцијата, како спроведувач на мерки од годишни програми, му предложи на Министерството за земјоделство олеснување на процедурите за доставување на апликации за субвенции за предадено млеко, конкретно со оваа измена, нема повеќе земјоделците 3 пати годишно да поднесуват барање за субвенционирање на продаденото млеко туку ќе бидат заменети со добивање податоци директно од компаниите за преработка на млекоод страна на Агенцијата.

Агенцијата менаџира и со Ипард фондовите

ИПАРД средствата се средства кои обезбедуваат финансиска помош за земјоделство, , адаптација на земјоделскиот сектор со правилата и стандардите што се применуваат на пазарот на ЕУ.

Минатата година нашата држава беше лидер во искористеност на ИПАРД средствата, досега веќе сме потпишале договри во вредност од околу 40 милиони евра , а веќе сме исплатиле околу 20 милиони евра средства од Европска унија.Со ова, покажавме дека кај нас, физичките и правни лица се соодветно информирани и ги искористиле средствата што порано не биле толку користени. ИПАРД средствата обезбедуваат поддршка за 3 мерки што се актуални врз основа на дефинираната програма, како:

Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства

Мерка 3 Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Мерка 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси .

Би споменал дека во сите мерки имаше голем интерес и од индивидуалните земјоделци и од компаниите, од сите региони на РСМ кои аплицирале и придобиле средства. Преку Програмата за рурален развој и проектите што се спроведени, јасно е како локалната власт може да ги препознае потребите на граѓаните, како и можноста да се создадат услови за развој на туризмот преку овие средства за да се обезбеди квалитетна инфраструктура за руралните подрачја. Средствата од оваа програма обезбедуваат избалансиран регионален развој и соодветни услови за живеење во развојот на потенцијалот на подрачјата. Во оваа програма, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој финансираше близу 200 проекти за патна инфраструктура, водоснабдување, канализација, центри за рекреација во руралните области.

Средствата од оваа програма се поделени за сите општини кои аплицирале за придобивки од овие средства и ги исполниле утврдените критериуми, правно и без никаква селекција.

Се надеваме дека и во иднина ке продолжиме со работа, секокогаш на добро на земјоделците, да го поедноставиме тоа што им е тешко на нив, да додадеме нови придобивки за земјоделците и да придонесеме уште повеќе во секторот земјоделство, што претсавува примарна стопанска гранка и дејност.

 

 

 

 

Back to top button
Close