ДУИ контра премиерот: Не реагиравме за акциите, туку за опасниот правец по кој тргна владата

„Премиерот повторно одбра да иронизира со легитимните грижи на Албанците, манипулирајќи го нашиот реактивен став како да е поврзан со последните полициски акции. Вистината е сосема поинаква, а сите добро знаат дека нашите грижи се однесуваат на опасниот правец по кој тргна владата“. Вака возвраќаат од ДУИ по денешната реакција на премиерот Христијан Мицкоски кој нагласи дека една организираните акции на полицијата е токму за расчистување на убиства во кои настрадаа Албанци.

„Акциите на министерот за образование, министерот за администрација и партиската контрола врз Уставниот суд речиси целосно го парализираа Охридскиот рамковен договор. Овој раздорен пристап не е само напад врз Албанците, туку и врз стабилноста на државата и вредностите на соживотот кои се градени со многу напор.

Го повикуваме премиерот да ги прекине манипулациите и да размисли за последиците што ваквите неразумни политики можат да ги имаат врз иднината на сите граѓани. Албанците нема да молчат пред обидите за деградација на Охридскиот договор и историските придобивки што тој ги гарантира“, велат од ДУИ.

 

Back to top button
Close