ДУИ: Промена на правилникот за цени на горивата – дали Владата работи во интерес на граѓаните или на компаниите?
Демократската унија за интеграција обвинува дека граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси.

„Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено“, велат од ДУИ.
Од партијата побараа промена на правилникот за утврдување на цените, како и воведување на пресметка на цените најмлку двапати неделно.
„Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните.
Затоа бараме:
• Итна промена на правилникот за утврдување на цените
• Воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделно
Фактите се алармантни:
• Неделна потрошувачка: околу 12 милиони литри дизел
• Разлика во цена: околу 9 денари по литар
• Вкупен дополнителен трошок: над 1,5 милиони евра за само една недела
Ова значи дека граѓаните и малите бизниси плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем. На крај, се поставува логичното прашање: Во чиј интерес работи Владата – на граѓаните или на неколку привилегирани компании?“, посочуваат од ДУИ






