ДУИ утре ќе одлучи дали ќе учествува на лидерска средба


Демократрската унија за интеграција денеска одржала втора седница на Претседателството на Генералниот совет, свикана од претседателот на партијата Али Ахмети, на која се дискутирало за актуелните политички случувања во земјата и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ, се наведува во соопштението на ДУИ кое МИА го пренесува интегрално:

Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на Генералниот совет.

На оваа седница, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за реализираните именувања во рамките на третата пакет-листа на претседатели на ограноци на ДУИ, и тоа: Кичево – Арлинд Сејдини; Врапчиште – Евзал Арслани; Ресен – Арјан Муедини; Карпош – Хамза Јашари.

Демократската унија за интеграција останува посветена на зајакнувањето на партиските структури и на одговорното адресирање на политичките случувања, во интерес на граѓаните и политичката стабилност на земјата.

Back to top button
Close