Дука: Во дебар состојбата со коронавирусот е повторно  алармантна  

Најновите заболени од Коронавирус во текот на минатата недела во општина Дебар ја загрижува јавноста, а општинскиот кризен штаб и градоначалникот Хекуран Дука  состојбата  денеска ја оценија како загрижувачка и алармантна .

Дука изјави дека последните денови има десет нови заболени од вирусот Ковид 19 , што секако е бројка која загрижува. Тој додаде дека моментално се очекуваат тестовите на 69 вработени во детската  градинка „Брешија““ , но исто така од единицата за јавно здравје во Дебар велат дека испратени се и други тестови – брис  од кој се очекуваат резултати .

Инаку од почетокот на пандемијата во општинат Дебар се регистрирани 59 болни од Коронавирус и  2  во Центар Жупа, кои беа првите заболени во нашава земја .

Со цел да се зголеми превентивната активност  за заштита од Коронавирусот веке се реализирани целосни дезинфекции во селата Горно Косоврасти и Долно Косоврасти каде исто така има заболен од Коронавирус, додека пак од денеска позвторно во градот Дебар ке се реализира дезинфекција на сите улици и јавни објекти.

 

КМ

Back to top button
Close