Дума: „Не стануваше збор за профит, мозокот не може да се трансплантира“

Професор доктор Алексеј Дума, поранешен директор на Институтот за судска медицина, и истражувач во пензија кој бил дел од тимот што работел на комплексен научен проект за морфологија, гостуваше во „Топ Тема“ поради актуелните шпекулации околу наводната продажба на ткива од мозоци на македонски починати пациенти.

Дума, во своето излагање потврди дека се работело на таков проект што бил реализирал во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години.

„Се работеше на морфологијата, тоа е голем сегмент. Најдовме многу интересни работи кои не очкувавме дека може да се поврзани, како промени во бадемастото јадро кај шизофрените“, рече Дума, нагласувајќи дека проектот бил сериозен и целосно легален.

„Се е апсолутно со законските норми. Имаше одреден број на научници кои беа против овој проект, загрижени дека ќе ги нарушиме нивниот статус“, додаде тој.

Дума нагласи дека овие истражувања не биле правени кај деца, односно дека „не аутизмот не беше допрен“, појаснувајќи кои категории пациенти не биле опфатени.

Во однос на шпекулациите за наводната „продажба на мозоци“, Дума нагласи дека: „На црниот пазар нема место, само мозок не може да се трансплантира. Јас би бил многу среќен ако можеше мозоците на големите научници да се стават во друго тело. Мозокот е тој кој нè претставува, телото е само помош.“

Дума се осврна и на ресурсите, опремата и меѓународната соработка: „Во последните години, анализите се вршеа во Скопје, добивме микроскоп од нивниот институт, од Унвиерзитетот Колумбија и многу други апарати. На проектот доаѓаа и научници од САД, што значеше голем профит за науката и дополнителна експертиза“, рече Дума.

На крајот, Дума зборуваше за здравствената состојба на неговиот поранешен колега, што најверојатно влијаела на прекинот на проектот: „Најверојатно проектот згаснал затоа што проф. д-р Ендру беше во лоша здравствена состојба.“

Back to top button
Close