Дури 1.200 граѓани, меѓу кои и деца, побарале помош во гостиварската болница- биле со повраќање, диареја и температура

Околу 1.200 граѓани побарале помош во Гостиварската болница, поради симптоми од загадената вода во градот, информирале за ,,Фокус” од Гостиварската болница

-Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена заради која имаме голем број на пациенти на кои им е дадена медицинска помош во нашата установа, заради која сме направиле и зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има голем број на пациенти.

Ве известуваме дека поголемиот број на пациентите се со исти симптоми како повраќање , диареја, болки во желудникот, температура, омалаксаност итн.

Најголем број на пациентите со овие симптоми има во Инфектологија, Детско одделеније и во Ургентна Единица.

За овие денови во ЈЗУ Општа Болница ‘’Д-р Ферид Мурад’’ Гостивар, со овие симптоми се пријавени околу 1000-1200 пациенти.

На сите пациенти им е дадена медицинска помош однсоно соодветна терапија.

Ова известување го праќаме заради тоа што овој број на пациенти е надвор од редовните бројки на пациентите во нашата установа, велат од болницата за ,,Фокус”.

Веќе објавивме дека постои сомневање дека е затруена водата за пиење во Гостивар, односно ЈП Водовод и Општината Гостивар во обид да го зголемат притисокот, ја загадиле водата со отпадна вода, информирале од СВР Тетово

Back to top button
Close