Дури утринава полицијата го известила судот дека Ива Михаилова ниту е дома, ниту е во Кочани – се чека предлог од обвинител, за да има и потерница

Дури утринава, речиси 24 часа откако Ива Михаилова се појави во бугарските медиуми и соопшти дека се наоѓа во Бугарија, Основниот суд Кочани добил официјално известување од полицијата дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и дека не се јавила во ОВР Кочани, како што била обврзана со определените судски мерки. Постапката за евентуално определување построга мерка сега зависи и од предлог на Обвинителството, по кој треба да одлучува судот.
Претседателот на Основниот суд Кочани и судечки судија во предметот, Спиро Борисов, во изјава за „Скопје1“ потврди дека известувањето од Министерството за внатрешни работи пристигнало утринава во 9:40 часот и веднаш било доставено до Основното јавно обвинителство Кочани.
„Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани. Тие треба да дадат предлог за евентуална построга мерка. Потоа судот одлучува по предлогот. По донесување на одлуката, се издава наредба за потерница“, изјави Борисов.
Ова значи дека, според објаснувањето на претседателот на судот, засега не е донесена одлука за построга мерка, ниту е издадена наредба за распишување потерница. Најпрво се очекува Обвинителството да достави предлог, по што судот ќе треба да одлучи за натамошното постапување.
Борисов тврди дека судот постапува навремено и покрај кадровските ограничувања
„Постапуваме ажурно, иако имаме најмал број на судии“, додаде тој.
Дури утринава, речиси 24 часа откако Ива Михаилова се појави во бугарските медиуми и соопшти дека се наоѓа во Бугарија, Основниот суд Кочани добил официјално известување од полицијата дека обвинетата не е пронајдена на домашната адреса и дека не се јавила во ОВР Кочани, како што била обврзана со определените судски мерки. Постапката за евентуално определување построга мерка сега зависи и од предлог на Обвинителството, по кој треба да одлучува судот.
Претседателот на Основниот суд Кочани и судечки судија во предметот, Спиро Борисов, во изјава за „Скопје1“ потврди дека известувањето од Министерството за внатрешни работи пристигнало утринава во 9:40 часот и веднаш било доставено до Основното јавно обвинителство Кочани.
„Утринава во 09:40 е примено известувањето од МВР и доставено е до ОЈО Кочани. Тие треба да дадат предлог за евентуална построга мерка. Потоа судот одлучува по предлогот. По донесување на одлуката, се издава наредба за потерница“, изјави Борисов за „Скопје1“.
Ова значи дека, според објаснувањето на претседателот на судот, засега не е донесена одлука за построга мерка, ниту е издадена наредба за распишување потерница. Најпрво се очекува Обвинителството да достави предлог, по што судот ќе треба да одлучи за натамошното постапување.
Борисов тврди дека судот постапува навремено и покрај кадровските ограничувања
„Постапуваме ажурно, иако имаме најмал број на судии“, додаде тој.
Претходно, во телефонски разговор за „Скопје1“, Борисов изјави дека судот за заминувањето на Михаилова дознал од медиумите и јавно достапните информации, но дека до тој момент немал добиено официјално известување од ОВР Кочани.
Тогаш најави дека судот ќе побара информации од полицијата, по што ќе го извести и надлежното обвинителство.
Во меѓувреме, МВР потврди дека за Михаилова нема евидентиран излез од Македонија, а по проверки преку Заедничкиот контакт-центар со Бугарија било утврдено дека бугарската гранична полиција нема регистриран ниту нејзин легален влез на бугарска територија.
Наспроти овие официјални информации, Михаилова се појави во Бугарија, а нејзиниот адвокат во изјава за бугарската телевизија НОВА тврдеше дека заедно ја преминале границата преку официјален граничен премин, со документи и без пречки од македонските гранични службеници.
„Преку граничен премин поминавме. Ги извадивме документите и поминавме. Луѓето од македонска страна добро знаеја дека е Ива Михаилова. Никој ништо не кажа. Разговаравме и тргнавме“, изјави адвокатот.
Обвинителството претходно потврди дека на Михаилова уште на 9 октомври 2025 година, по предлог на јавен обвинител, ѝ биле одземени двете патни исправи, македонската и бугарската. Дополнително, ѝ биле определени забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице.
Оттаму нагласија дека ризикот од бегство бил една од клучните причини поради кои повеќепати давале негативно мислење за враќање на патната исправа.
Со утринското известување од МВР, судот и официјално добил информации дека Михаилова не е пронајдена на адресата и не ја исполнила обврската за јавување во полиција.
Сепак, останува да се утврди кога Обвинителството ќе достави предлог за евентуална построга мерка, каква одлука ќе донесе судот и дали ќе биде издадена наредба за потерница.
Извор: skopje1.mk






