Двајца кошаркари позитивни на Ковид-19 во НБА 

Само двајца кошаркари во НБА биле позитивни на тестирањата за коронавирус, извршени во периодот од 16. до 24. декември, соопшти денеска раководството на Лигата.

НБА објави дека вкупно биле тестирани 558 кошаркари, а идентитетот на двајцата заразени играчи не е соопштен.

Лигата воведе редовно тестирање како клучна мерка за ограничување на ширење на вирусот во новата сезона, во која екипите ги играат натпреварите во своите сали.

Во текот на подготвителниот период, во рок од една недела, на девет денови пред стартот на новата сезона, позитивни на Ковид-19 беа дури 48 кошаркари од вкупно 548 тестирања

Back to top button
Close