Двајца војници и осум цивили загинаа во ирански напад врз ОАЕ, додека 169 лица се ранети

Двајца војници и осум цивили денеска беа убиени, а 169 лица беа ранети во ирански напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Обединетите Арапски Емирати, објави Министерството за одбрана на Емиратите.
„Меѓу повредените има граѓани на ОАЕ, Египет, Судан, Етиопија, Филипините, Пакистан, Иран, Индија, Бангладеш, Шри Ланка, Азербејџан, Јемен, Уганда, Еритреја, Либан, Авганистан, Бахреин, Коморите, Турција, Ирак, Непал, Нигерија, Оман, Јордан, Палестина, Гана, Индонезија, Шведска и Тунис“, се наведува во соопштението на Министерството на Икс.
Во соопштението за медиумите се наведува дека за време на денешниот напад системите за против-воздушна одбрана на Емиратите собориле 15 балистички ракети и 11 беспилотни летала лансирани од Иран.
Министерството за одбрана на ОАЕ, исто така, соопшти дека од почетокот на војната во Заливот, во иранските напади против-воздушната одбрана соборила 372 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.826 дронови






