Два дена пред ригорозните мерки, владата организира прослава за 20 годишнината на рамковниот договор со 300 гости

Во државниот архив, вицепремиерot Артан Груби го донесе примерокот од рамковниот договор со кој земјава излезе од кризата во 2001-та година.

Додека новинарите го чекаа во ходникот исто така протоколарно наредени надвор од сите протоколи, тој горе заедно со директорот на државниот архив разговараа – како едвај ни во СДСМ ни ВМРО ДПМНЕ не можеле да го најдат примерокот од охридскиот договор, туку совесен член на ПДП го чувал дома 20 години и сега му го дал на Груби.

Тој убедува дека и покрај тоа што се најавени 300 гости за централната манифестација нема опасност короната да се шири меѓу нив.

Речиси 500 илјади или пола милион евра се предвидени да се потрошат за целата прослава која трае неколку месеци но ќе финишира на 13 ти.

Според тендерската документација две тетовски фирми го земале тендерот за организација Арбериа дизајн за продукција и маркетинг и агенцијата за туризам еуро турист.

Министерството за политички систем и односи мегу заедниците на Груби барало да се обезбеди хотел со хала со капацитет од 300 гости, опрема за озвучување, да има спа центар и сеф во секоја соба,  храна пијалоци авиобилети изработка на видеа, нивно размножување и печатење.

Вчера Владата објави дека ќе се укинат свадбите на затворено, ке се забранат настани и концерти.

За над 30 гости во ресторан или друг објект ќе се бара тие да се вакцинирани. Но мерките ќе стапат на сила два дена по прославата.

До тогаш сите угостителски објекти без да се истакне дали тоа важи и за хотелските смеат да организираат прослави со 40 проценти исполнетост и најмногу 250 гости. Вчера министерот за здравство најави дека сме во нов бран на корона зараза, но негираше дека важноста на мерките е поради оваа прослава.

Back to top button
Close