Два дена „Тивко кино“ на Синедејс

На репертоарот се четири филма од програмата Синедејс ретро. Проекциите на филмовите и користењето на реквизитите (слушалките) е согласно протоколите за одржување на настани на отворено.

– Во густонаселените средини, со цел да не им пречи на граѓаните кои живеат во непосредна близина, Синедејс ја започна иницијативата „Тивко кино“. При проекција на филмовите не се создава бучава, секој ќе има можност звукот да го слуша на слушалки, и да има многу лично доживување на содржината, објаснува Маргарита Арсова, координаторка на фестивалот.

Деветнаесеттиот Синедејс – меѓународен фестивал на европски филм, под слоганот „Филм на секое платно“, годинава носи неколку новитети, кино програма под отворено небо, оживување на заборавените кино локации во Скопје, но и за прв овозможува „Тивко кино“ на два кино простора.

Back to top button
Close