Два хеликоптери на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Денеска (30.06.2024), хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево, атар на Општина Василево.

Хеликоптерот исфрли над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот беше вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрли 30 тони вода, по што опасноста по селото беше отстранета. Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење

Back to top button
Close