Два сребрени медала за македонските каратисти на ЕП во Белград

Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од Европскиот шампионат што се одржува во Белград освои два сребрени медала во кадетска и јуниорска конкуренција.

Антонија Белазелкоска го освои второто место во фукуго за јуниорки, а со сребрен медал се закити и Мила Младеновска во фукуго за кадетки.

Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција, но не успеаја да се искачат на победничкиот пиедестал.

На Европското првенство во традиционално карате утре е последен ден со борби во сениорска конкуренција, на кои ќе настапат Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close