Дванаесет приведени по пожар во болница во Пекинг во кој загинаа најмалку 29 луѓе
Дванаесет лица се приведени во врска со пожарот во кој загинаа 29 луѓе во болница во Пекинг, вклучително и директорот на установата, соопшти градската полиција.
Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг на прес-конференција изјави дека се приведени и претставници на компанија што ја реновирале болницата.
Државната телевизија јави дека прелиминарната истрага открила дека пожарот бил предизвикан од „искри генерирани за време на внатрешното реновирање и изградбата на стационарното одделение на болницата“.