Двејн Џонсон проговори за „тешката љубов“ и „надреалноста“ на Вин Дизел

– Американскиот глумец Двејн „Карпата“ Џонсон возврати на зајадливите коментари на својот колега од „Брзи и бесни“ – Вин Дизел.

Имено, Дизел претходно говореше за тоа како им пристапил на затегнатите односи меѓу неговото „алтер его“ – Дом Торето и суперагентот на Двејн – Лук Хобс.

– Моравме да стигнеме дотаму и, понекогаш, во тие времиња, можам да дадам и многу „тешка љубов“. Не надреално, но јас би сторил сѐ што ќе требаше да направам за да добијам настап во што и да продуцирам, рече Вин.

Вин Дизел и Двејн Џонсон се сретнаа првпат во „Брзите 5“ и се разделија во „Брзи и бесни 8: Верба“. Токму зборот „Felliniesque“ (надреално, нереално), кој речиси недвосмислено се однесува на соперникот, го испровоцира Џонсон на зајадлив исказ кон коментарите на Дизел.

– Се смеев, силно се смеев… Мислам дека сите се смееја на тоа. И, нека остане на тоа, рече „Карпата“.

Вин Дизел годинава е актуелен со „Брзи и бесни 9“, а според гласините, ќе глуми и ќе продуцира уште барем еден филм.

Двејн Џонсон пред две години, го создаде „Хобс и Шо“ – своевиден одгранок на приказната, без главните ликови од оригиналниот серијал – само со Џејсон Стејтам. Продолжение, засега, не е најавено.

Back to top button
Close