(Дополнето) Во скопско Стајковци ги застрелал братот и снаата па самиот се избодел.

Попладнево во пукање во скопско Стајковци убиени се две лица.

Неофицијално, повозрасен маж ги убил братот и снаата од неговиот друг брат кој е починат, по што самиот се избодел. Во моментов е хоспитализиран во болницата „Свети Наум Охридски“, неофицијално потврдуваат од СВР Скопје

Попладнево МВР излезе со соопштение во кое го потврдува двојното убиство во Стајковци.Денеска во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со повреди на главата биле пронајдени С.К.(57) и нејзиниот сопруг В.К.(64), соопшти МВР.

Лекар од Итна медицинска помош на местото констатирал смрт кај С.К., додека В.К. со повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што во 14.00 часот починал. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со убодни рани го пронашле и Љ.К.(67), брат на В.К., кој имал здравствени проблеми и за кој постои сомнение дека е сторител на убиството. Тој, исто така, е пренесен во медицинска установа за укажување помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Back to top button
Close