ДЗС: Испратени дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево испрати дополнителни сили за справување со големиот пожар над селото Копаница, во Општина Сарај.

За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Air Tractor“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен.
Пожарникарите и тимовите на ДЗС, велат оттаму, координирано работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото ширење кон околните населени места.
За поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита, во акцијата се ангажирани два противпожарни авиони „Ер трактор“, кои интервенираат од воздух, како и две специјализирани теренски возила „Пинцгауер“, наменети за гаснење пожари на непристапен терен.
Пожарникарите и тимовите на ДЗС координирано работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото ширење кон околните населени места. Поради сложеноста на теренот и временските услови, интервенцијата се одвива со максимална мобилизација на расположливите ресурси
Апелот до граѓаните е да не се движат во близина на зафатеното подрачје, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат нови жаришта или сомнителни активности што би можеле да предизвикаат пожар.






