Ќе се носи нов закон за банки, по денешната одлука на Уставниот суд

 

Со укинувањето на членот 163 е создаден правен вакуум и потребно е донесување на нов закон, кој ќе го дефинира јавниот интерес, заклучи Владата

Владата ќе подготви нов закон за банки, по денешната одлука на Уставниот суд , кој го укина членот 163 од Законот за банки, според кој Фондот за осигурување депозити, кој е создаден за да се гарантира исплатата на штедните долгови до 30.000 евра, е прв што ги наплаќа побарувањата кога една банка ќе пропадне. Овој дел од Законот го оспори адвокат, по барање на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

„Со укинувањето на членот е создаден правен вакуум и потребно е донесување на нов закон, кој ќе го дефинира јавниот интерес, заклучија членовите на Владата. Беше донесен заклучок Министерството за финансии, во рок од 15 дена, да подготви измени и дополнувања на Законот за банки, со цел пополнување на правната празнина и обезбедување еднаква заштита на штедачите, согласно европските закони кои се почитуваат во државата“, се наведува во соопштението од денешната владина седница.

 

Back to top button
Close