Ќе се трга оградата од градилиштето на црквата „Св Константини Елена“, поминат е рокот за градба од 10 години

Инспекцијата на Општина Центар ќе ја отстрани металната ограда од градилиштето на црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија во најстрогиот центар на Скопје, пренесува СДК.

Како што велат од Општината, поминат е рокот за градба од 10 години и сега просторот ќе го расчистат и ослободат од тарабите.

„Таму нема никакви градежни работи, ниту пак има најава до Општината дека тие ќе продолжат со оглед на тоа дека е поминат рокот за градба. Затоа во наредниот период оградата ќе биде тргната, просторот ќе биде исчистен и овој дел од центарот на градот ќе биде ослободен од лимените бариери“, вели Мирослав Богдановски, раководител на Инспекторатот на Општина Центар.

Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, а на почетокот на изградбата присуствуваше и тогашниот премиер Никола Груевски. Инвеститори се Македонската православна црква (МПЦ) и Фондацијата „Св. Цар Константин“, која што беше формирана од МПЦ за изградба на црквата. Груевски организираше три донаторски конференции со македонски компании за да се соберат пари за изградба

Back to top button
Close