Едерсон го собори рекордот на Харт во Премиер лигата за чиста мрежа во Манчестер сити


Голманот на Манчестер сити, Едерсон постави клупски рекорд по бројот на натпревари без примен гол во Премиер лигата.

Натпреварот од 26. коло на англискиот шампионат вчеравечер против Борнмут (1:0) беше 110. пат за Бразилецот да ја сочува мрежата на „Граѓаните“. Претходниот рекорд му припаѓаше на Џо Харт (109).

Едерсон го зазема 15-тото место во историјата на Премиер лигата по бројот на натпревари со „чиста“ мрежа. Рекордот му припаѓа на поранешниот голман на Челзи и Арсенал, Петр Чех (202).

Манчестер сити по 26 кола е втор во поредокот во Англиското фудбалско првенство со еден бод заостанување од лидерот Ливерпул.

Back to top button
Close