Едно дете и возрасен пациент се хоспитализирани во гостиварската болница поради стомачни тегоби – вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство.

 

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 91 нови прегледи, од кои 41 на инфективното одделение, 50 на педијатриското одделение.

На инфективното одделение е примен еден пациент на болничко лекување и еден е хоспитализиран на педијатриското одделение.

Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 36 нови прегледи во дежурна служба.

Back to top button
Close