Едно лице почина, а две се повредни при удар на воз во автомобил во Прилеп

На патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, утрово околу 3 часот воз удрил во автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.Д.(39) од Прилеп.

Како што информираат од МВР, М.Д. починал на местото на несреќата, а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп.

Back to top button
Close