Едно лице загина, две се исчезнати при превртување на брод со 80 мигранти во Шпанија
Едно лице загина, а две се водат за исчезнати кога брод со околу 80 мигранти се преврте на околу 20 километри од Ел Хиеро, еден од Канарските острови, соопштија денеска официјални лица.
Осум лица побарале лекарска помош, од кои едно е во тешка состојба, пренесува шпанскиот медиум Ла Разон.
Спасувачкиот брод „Акрукс“ се наоѓал во областа каде што се превртел чамецот со мигранти, а на помош им пришол и неговиот екипаж