Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка на патот Прилеп-Градско

)-Вечерва во  17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“  управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт. Оваа информација ја потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје. Увидот е во тек.
Од МВР нагласија дека се ова првични информации за сообраќајката.

Back to top button
Close