Едно малолетно девојче е меѓу тројцата приведени на охридскиот аеродром со фалсификувани британски пасоши


Полицијата приведе три лица од Албанија на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тие на пасошка контрола приложиле фалсификувани британски патни исправи. Меѓу трите лица е и едно малолетно девојче.

„Денеска (09.08.2023) во 14:30 часот на граничен премин – аеродром ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В. (24), Б.И. (31) и малолетничка, сите од Република Албанија. При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи“,соопшти МВР.

Како што информираше полицијата, трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Охрид за понатамошна постапка.

Насловна фотографија: интернет-страница на аеродромот

Back to top button
Close