Ефикасни натпревари во Лигата на шампионите и гостински победи

На првите два натпревара од денешанта програма од 6.коло од Лигата на шампионите беа постигнати вкупно 11 голови со две победи на гостинските екипи.

Ајакс во Баку ја постигна првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако со 4:2 го совлада Карабах, додека за првакот на Азербејџан ова беше втор пораз во низа. До втората последователна победа стигнаа фудбалерите на Копенхаген, кои на гостувањето кај Виљареал славеа со 3:2 и со седум бодови се во конкуренција за пласман во нок аут фазата. За разлика од нив шпанскиот претставник остана на еден бод и ги сведе на минимум шансите за следната фаза.

Во вечерниот термин играат: Атлетик Билбао – ПСЖ, Баер Леверкузен – Њукасл, Бенфика – Наполи, Борусија Дортмунд – Бодо/Глимт, Бриж – Арсенал, Јувентус – Пафос и Реал Мадрид – Манчестер Сити.

Back to top button
Close