ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска „ја доби војната“ со Словенија

Репрезентацијата на Хрватска со триумфот против големиот ривал Словенија со 29:25 ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето. Во моментов Хрватска е лидер на група 2 на ракометното Европското првенство, а утре во последниот дуел од групата играат против Унгарија.
Хрватската репрезентација водеше во текот на целиот натпревар, а Словенија по серија од 4-0 успеа да изедначи на 18:18. Но, нерешено беше само уште еднаш 19:19. По предноста од 25:24 Хрватите ја вратија серијата од 4-0 и со тоа ја потврдија победата. Тин Лучин од Хрватска со 7 голови беше најефикасен на дуелот.
Во првиот дуел од денешната програма Швајцарија – Исланд 38:38, а од 20:30 часот играат Шведска и Унгарија.
Хрватска е прва со 6 бодови, пред Исланд со 5, Шведска и Словенија имаат по 4, Швајцарија 2, а Унгарија 1 бод.






