ЕХФ ЕУРО2026: Германија ја совлада Австрија, Норвешка убедлива против Украина

Германија вечерва во Хернинг ја совлада Австрија со 30:27 (12:8), додека Норвешка рутински триумфираше над Украина со 39:22 (19:11) во Осло, со што е комплетиран првиот ден на 17. Европското ракометно првенство.

Германија до стартната победа во групата А ја предводеа Јоханес Гола со седум и Лукас Зербе со шест голови.

Најефикасни во редовите на Австрија беа Себастијан Фримел со девет голови и Јакоб Ниг со седум голови.

Претходно денеска во истата група, Шпанија ја победи Србија со 29:27.

Во следното коло, Германија ќе игра против Србија, а Австрија против Шпанија.

Во Групата Ц, Норвешка очекувано дојде до убедлив триумф над Украина, предводена од Андерсон и Блонз со по седум голови.

Во воведниот натпревар од оваа група, Франција ја победи Чешка со 42:28.

Во следното коло, Норвешка ќе игра против Чешка, а Украина против Франција.

Back to top button
Close