Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија со кокаин вреден над 70 милиони евра

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата, бил уапсен во Португалија, откако полицијата го запре во комбе на автопатот А6. Во возилото биле пронајдени повеќе од еден и пол тон кокаин, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, и воено оружје.

Акцијата е дел од операцијата против таканаречениот Балкански картел.

Португалската судска полиција го спроведе пресретнувањето на автопатот А6 како дел од голема операција.

Според полициските извештаи, Милошевиќ не само што транспортирал дрога, туку имал и две парчиња натоварено воено оружје подготвено за употреба во возилото.Португалските медиуми наведуваат дека ова апсење претставува значаен удар врз активностите на Балканскиот картел во таа земја.

Името на Милошевиќ не е познато на пошироката спортска јавност, но во текот на неговата кариера играл за неколку српски клубови – Чукарички, Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ од Белград.

Во последните три години, тој немал клупски ангажман.

Оваа заплена е продолжение на операцијата во која минатата недела во Шпанија беа уапсени двајца членови на истиот картел.

Тогаш, во заедничка операција на португалската и шпанската полиција, беа запленети 3,7 тони дрога. Се верува дека Балканскиот картел има развиена мрежа низ цела Европа со база на југот на Шпанија

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close