Екс српскиот министер за градежништво – Горан Весиќ штрајкува со глад
Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад.
По информациите кои се појавија во медиумите дека меѓу уапсените поради падот на настрешницата во Нови Сад е и Горан Весиќ, тој имаше објава на својата мрежа Х.
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе им бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошното развој на настанот“, напиша Горан Весиќ.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени поради падот на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.
Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Јелена Танасковиќ, вршител на должноста генерален директор на акционерското друштво „Српска железничка инфраструктура“, вчера поднесе оставка на оваа функција.
Некое време пред Јелена Танасковиќ тоа го направи и Томислав Момировиќ, министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија