Експерти на ОН бараат Навални да се префрли во странство заради лекување

Експерти за човекови права на ОН денеска ја повикаа Русија да дозволи затворениот опозициски лидер Алексеј Навални да биде префрлен во странство заради лекување, нагласувајќи дека сметаат оти животот му е во опасност.

Навални е во затвор во тешки услови и „му беше забранет пристап до соодветна медицинска нега“, а ваквите услови може да се сметаат за тортура, се вели во соопштението.

– Ги повикуваме руските власти да обезбедат Навални да има пристап до своите лекари и да биде евакуиран за итно лекување во странство, како што беше случајот во август 2020 година, велат експертите на ОН.

Back to top button
Close