Експлозија и огромен пожар во зградата на руската Тајна служба во Ростов

Во зградата на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во Ростов се случи експлозија, по што избувна голем пожар, јавија руски медиуми.

Според неофицијални информации, едно лице загинало, а две се повредени, пренесува Нова.

Ростов е оддалечен околу 120 километри од границата со Украина, а на првите снимки од тој град се гледа како голем пламен ја проголта зградата на руската тајна служба.

Локалните власти соопштија дека испратиле итни служби во областа.

Back to top button
Close