Експлозии во индискиот дел на Кашмир, неколку часа по објавеното примирје меѓу Индија и Пакистан
Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот, објавија светските агенции, повикувајќи се на првиот министер на територијата Џаму и Кашмир, Омар Абдула.
„Што по ѓаволите се случува со прекинот на огнот? Експлозии се слушаат низ целиот Шринагар“, напиша Абдула на мрежата „Икс“.
„Ова не е прекин на огнот. Единиците за противвоздушна одбрана во центарот на Шринагар штотуку отворија оган“, објави тој во друга публикација.
За прекугранично гранатирање и пукање се соопштува и од најмалку пет места на линијата на контрола – границата што го дели спорниот Кашмир меѓу двете нуклеарни држави. Засега нема информации за жртви.
Снабдувањето со електрична енергија во градот е прекинато.