Електричната инсталација причина за пожарот во автобусот на ЈСП

Електрична инсталација во моторниот простор е причината поради која се запалил автобусот на ЈСП „Скопје“ синоќа во скопската населба Аеродром.

Автобусот на „Јутонг“ сообраќал по булеварот Трета Македонска Бригада и во кој, во моментот на несреќата имаше патници кои за среќа навремено излегле од возилото и ниту еден од нив не е повреден.

Вчера кај „Раде Кончар“ пријавено беше дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

 

Територијална противпожарна единица на Град Скопје информираше дека нема повредени лица.

Back to top button
Close