Електронските цигари се и поштетни од класичните, вели д-р Димитровска од Пулмологија

Електронските цигари, „Ајкос“ („Iqos“), сите можни уреди кои содржат никотин, се еднакво или дури модерниве се уште повеќе штетни од класичните цигари, предупредува д-р Деска Димитриевска од Клиниката за Пулмологија.
Таа во интервју во вечерашната „Топ тема“ на „Телма“ рече дека е несфатливо зошто модерните алтернативни начини на консумирањето тутун во досегашните законски прописи беа дозволени на места каде што се забранети класичните цигари.
„Несфатливо беше досега кај нас, со законот се забранува пушење на класични цигари, меѓутоа дозволено е секаде употреба на другите уреди. Тоа е сосема погрешно. Тие се штетни, уште поштетни од класичните цигари, затоа што при загревање на тутунот на многу високи температури се ослободуваат хемиски супстанци кои што предизвикуваат застрашувачки оштетувања. Постојат податоци за нагла смрт кај млади партиципиенти кои што употребувале електронски цигари или Ајкос, баш заради тие ненадејни хемиски промени кои што настануваат во дишните патишта и во белите дробови“, рече д-р Димитриевска.
Извор: slobodenpecat.mk






