Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за истрелувањето две ракети врз Израел

Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за лансирање на две ракети кон Израел, откако израелската армија изврши воздушни напади врз пристаништа и енергетска инфраструктура во Јемен.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди Хутите дека секој напад врз Израел ќе биде жестоко казнет. Министерот за одбрана, Јоав Галант, изјави дека израелската операција била насочена кон „стратешката инфраструктура“ на Хутите.

Иран, кој ги поддржува Хути, ги осуди израелските напади како кршење на меѓународното право. Конфликтот дополнително ги заострува односите во регионот, додека Хутите најавуваат продолжување на операциите во знак на солидарност со Палестинците.

Хутите, официјално познати како Ансар Алах (Божји помошници) е шиитска политичка и воена организација што настанала во Јемен во 1990-те.
Под водство на верскиот водач Хусеин ел-Хути, Хутитското движење се појави како опозициско движење на тогашниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Во 2003, под влијание на либанската шиитска политичка и воена организација Хезболах, Хутите го усвија својот официјален слоган: „Бог е голем, Смрт на Америка, Смрт на Израел, Проклетство за Евреите, Победа на исламот“. Пружејќи отпот на наредбата на Салех за негово апсење, Хути бил убиен од јеменската војска во Саада во 2004, по што започнал бунт. Оттогаш, освен во еден краток период, движењето е предводено од неговиот брат Абдул-Малик ел-Хути

Back to top button
Close