Енеа Бастијанини победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот

Италијанскиот возач Енеа Бастијанини е победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот сезонава што се одржа во Ле Ман, за Големата награда на Франција.

Второто место го освои возачот на Дукати, Џек Милер, а третото, членот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро, додека, актуелниот светски шампион Фабио Квартараро, заврши на четврто место.

Шампионатот продолжува на 29 мај со трката за Големата награда на Италија.

Back to top button
Close