Ердоган до Парламентот достави предлог за ратификација на кандидатурата на Шведска за НАТО

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го достави до Парламентот на ратификација нацрт-законот за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, соопшти турското претседателство.

Претседателството не соопшти повеќе детали.

Влезот на нова членка во НАТО мора да биде одобрен од сите 31 членка. Досега кандидатурата на Шведска се уште не е ратификувана од Турција и Унгарија.

Во јули, Турција ги повлече своите приговори за приклучување на Шведска во Алијансата. Таа дотогаш се противеше на членството на Шведска поради загриженоста за напорите на владата во Стокхолм за борба против исламофобијата, како и за активностите на курдските групи во оваа скандинавска земја.

Шведска и Финска се откажаа од децениската воена неутралност откако рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските трупи да ја нападнат Украина во февруари 2022 година.

Финска се приклучи на воената алијанса во април, додека не е јасно кога Шведска ќе може да се приклучи. Унгарскиот премиер Виктор Орбан во мај изјави дека односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред Будимпешта да ја одобри кандидатурата на скандинавската земја за членство во НАТО.

-Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се ужасно лоши. Не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО, рече тогаш Орбан.

Back to top button
Close