Ердоган: Турција го тестираше С-400, не се важни заканите од САД

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека Турција го тестирала системот за противвоздушна одбрана С-400 што го купила од Русија, додавајќи дека забелешките на САД во врска со ова прашање се неважни.

Вашингтон тврди дека набавката на руски системи С-400 од страна на Турција ја компромитирала одбраната на силите на НАТО и се закани со санкции кон Анкара. Турските вооружени сили го тестираа С-400 на северот од земјата, во близина на градот Синоп, од 13 до 17 октомври, што предизвика лута реакција од Вашингтон, пренесува РИА Новости.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close