Ерменија ги призна пасошите на Косово

Заменик министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Крешник Ахмети, соопшти дека Ерменија ги признава пасошите на Косово.

„Ерменија официјално ги призна пасошите на Косово, вклучувајќи ги обичните, дипломатските и службените пасоши. Ова е значаен чекор за зајакнување на врските и односите меѓу граѓаните и институциите на двете земји“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Косовскиот премиер Албин Курти исто така на Фејсбук објави дека косовскиот пасош станува сè посилен и меѓународно признат.

„По либерализацијата на визите и признавањето на пасошите од Шпанија во јануари, годинава ја завршуваме со веста дека Ерменија, земја што сè уште не нè признава, од денеска одлучи да го признае пасошот на нашата република“, додаде Курти.

Back to top button
Close