Ерменија пред Меѓународниот суд на правдата го обвини Азербејџан за „етничко чистење“

Претставникот на Ерменија, Јегише Киракосјан им кажа на судиите во Меѓународниот суд на правдата (МСП) дека блокадата на спорниот регион Нагорно-Карабах од соседен Азербејџан е осмислена да овозможи „етничко чистење“.

Коридорот Лачин е единствената рута преку која Ерменија може да снабдува храна, гориво и лекови до Нагорно-Карабах, регион меѓународно признат како дел од Азербејџан, но и дом на околу 120.000 етнички Ерменци.

Коридорот е блокиран од 12 декември, кога демонстрантите кои тврдеа дека се еколошки активисти го запреа сообраќајот со поставување шатори. Азербејџан негира каква било блокада, велејќи дека активистите организираат легитимен протест против нелегалните рударски активности.

 

Сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата беше свикано за да се сослуша барањето на Ерменија судот да му нареди на Азербејџан да ја укине блокадата.

 

Претставникот на Ерменија, Јегише Киракосјан, изјави пред судот дека блокадата доведе до рационализација на храна и намалени резерви на лекови во Нагорно-Карабах, додека азербејџанските власти рекоа дека етничките Ерменци можат слободно да си заминат.

„Ваквите бесрамни акти на етничко чистење немаат место во модерната ера, а овој суд е последната надеж за етничките Ерменци во Нагорно-Карабах“, рече Киракосјан.

„Ништо помалку од целосното укинување на блокадата и непреченото продолжување на обезбедувањето јавни услуги нема да им донесе олеснување на жртвите на оваа сурова и непотребна блокада“, изјави пред судот Константинос Салонидис, адвокат од Ерменија.

Нагорно-Карабах со децении е фокусна точка меѓу двата соседи со Јужен Кавказ.

Расправата во Меѓународниот суд на правдата е дел од поширокиот случај покренат од Ерменија во 2020 година, во кој се тврди дека Азербејџан ја прекршил Конвенцијата против расна дискриминација. Баку поднесе противтужба, тврдејќи дека Ерменија, а не Азербејџан, ја прекршува конвенцијата за дискриминација.

Меѓународниот суд на правдата денеска ќе го сослуша и барањето на Азербејџан, судот да и наложи на Ерменија да престане да поставува мини на териториите што некогаш ги окупираше.

Back to top button
Close