Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово: „Дивите ратраци“ не постојат

Во врска со денешните јавни изјави и медиумски објави за наводен „инцидент“ со т.н. „диви ратраци“ кои пренесуваат скијачи на Шар Планина, остро и недвосмислено ги демантираме пласираните информации како неточни, манипулативни и штетни, со сериозни последици врз угледот на туристичката дестинација, професијата и професионалниот тим на еден легитимен оператор, се вели во соопштението од Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово.
1. „Дивите ратраци“ не постојат
Ратраците што денес беа предмет на јавна стигматизација не се диви, туку се управувани од лицата кои се дел од тимот на Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетово, пионери на ПРВИОТ ТУРИСТИЧКИ ПРОИЗВОД ЗА СЛОБОДНО СКИЈАЊЕ СО РАТРАЦИ (SNOWCAT FREERIDE) ВО ЕВРОАЗИЈА.
Овие луѓе уште од 2005 година во еден долг и контиуниран процес од повеќе од една деценија го создадаваа и развиваа туристичкиот производ слободно скијање со ратраци на Шар Планина, производ кој стана:
• најпрепознатлив туристички бренд на Македонија на меѓународно ниво;
• производ кој секоја зима во земјава носи премиум клиенти од најпосакуваните дестинации, кои потоа стануваат туристички амбасадори на земјава;
• производ со значаен економски бенефит за локалната и националната економија.
Во 2018 година, истиот производ беше нелегално копиран и до денес се користи од друг оператор на истиот простор, нешто што никаде во светот не е дозволено, како заради заштита од нелојална конкуренција, така и заради безбедност во дестинацискиот простор.
Доколку управувачот на заштитеното подрачје навистина се грижи за угледот на дестинацијата и безбедноста на гостите, не смее да дозволи плагијаторство на најзначајниот туристички производ создаден во Македонија – токму на просторот на Националниот парк.
2. Спасувачка и јавна улога
Луѓето што ги управуваат ратраците, ги водат гостите и ја одржуваат целата опрација за слободно скијање во изминатите 17 години БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТОК:
• учествувале во спасување на најмалку 40 загрозени планинари, домашни и странски, на Шар Планина;
• за овие интервенции постојат проверливи податоци во МВР, СВР Тетово и Полициската станица Попова Шапка;
3. Поддршка на инфраструктура и безбедност
Истите луѓе и истите ратраци БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТОК:
• транспортираа материјал за обновување на клучни објекти за туризмот и безбедноста на Шар Планина (кулата на Титов Врв, планинарскиот дом Јелак и многу други стратешки точки за туризмот и безбедноста во дестинацијата);
• транспортираа стручни лица и материјал во случаи на потреба за санирање дефекти во комуналната инфраструктура;
• подржуваа спортски настани и манифестации, меѓудругото и најзначајната скијачка манифестација Шарпланинскиот куп;
• овие активности може да се потврдат кај релевантни планинарски организации, скијачката федерација и државните институции;
• претставуваат пример за континуирано социјално одговорно делување.
4. Професионалност и обуки
Овие луѓе се врвно обучени професионалци, со:
• завршени верификувани образовни програми за дејноста;
• Овие луѓе се дел од тимот на единствениот оператор во земјава чиј што персонал е обучен за спасување на ски терени, спасување на планински и снежни падини надвор од ски терени, за управување со операција за слободно скијање, и сето тоа според стандардизирани и верификувани програми, во согласност со меѓународните стандарди на професијата.
• почитување на националните и меѓународните стандарди за безбедност на планина и професионално работење и долгогодишна и длабока соработка со врвни професионалци за спасување на планина како Асклепиј Скопје, Љуботен Тетово, Националниот сојуза за планинско спасување.
Тимот е интернационален и со години го презентира сопствениот и оригинален производ пред премиум туристи од целиот свет.
5. Поддршка на Ски центар Попова Шапка
Персоналот што ја води операцијата за слободно скијање БЕЗ НАДОМЕСТОК:
• во сезоната 2021/22 бесплатно учествуваа во уредување на ски терените;
• позајмуваа ратраци и резервни делови;
• учествуваа во транспорт на повредени лица и потрага по изгубени скијачи;
• помагаа при поставување на сајли и инфраструктура – без никаков надомест.
6. Вонредни ситуации
Во периоди кога Попова Шапка на неколку пати беше целосно отсечена од цивилизацијата, ратраците и персоналот заедно со тогашниот концесионер на хотелот The house:
• вршеа транспорт и ги евакуираа посетителите од викенд-населбата и ски центарот;
• ги прифаќаа и сместуваа;
• транспортираа екипи на јавните компании кои работеа на поправка и одстранување на технички дефекти;
• директно се грижеа за нивната безбедност.
7. Меѓународна промоција на Македонија
Преку овој туристички производ, за првпат во земјата беа донесени:
• врвни меѓународни туристички и спортски промотори како Teton Gravity, Patagonija, The Guardian, Franfurter Algemaine, ARD TV, Arte, Extreme и др;
• реализирани се промотивни активности во земјава и на меѓународни саеми и манифестации со ефект и вредност какви што не успеале да постигнат ниту државните институции;
• врвни меѓународни експерти за авантуристички туризам;
• врвни имиња од областа на зимските спортови и слободното скијање.
8. Поддршка на Националниот парк Шар Планина
Само во текот на летото 2025 година:
• беа донирани 500 литри нафта за одржување на патната мрежа;
• беа мобилизирани соработници за финансиска и техничка поддршка на истата.
9. Обиди за институционален дијалог
Во изминатите шест месеци, операторот повеќепати се обидуваше да воспостави конструктивна комуникација со управата на паркот со цел:
• признавање на авторството на производот слободно скијање со ратраци на Шар Планина;
• забрана за користење на плагијати;
• укажување дека понудената спогодба не е во согласност со Планот за управување, позитивните законски прописи и меѓународните стандарди на професијата;
• беа ангажирани експерти од дејноста кои укажаа на сериозни недостатоци во самата спогодба кои имаат директни импликации врз безбедноста во дестинацијата и безбедното експлоатирање на туристичкиот производ слободно скијање со ратраци на Шар Планина;
• укажување дека потпишување на ваков документ ги става и двете страни во ситуација да ги прекршуваат позитивните законски прописи во земјава.
Наместо афирмација на иноваторството, следеше јавно понижување и индиректна поддршка на нелојална конкуренција.
10. За денешната „интервенција“
Јавно прашуваме:
• дали вработените во паркот кои делуваа по наредба на своите претпоставени беа свесно изложени на ризик;
• дали наредбата за физичкото поставување на работниците пред тешка механизација, и покрај тоа што истата беше во подготвителни активности за работа според точно утврдени стандардни оперативни процедури, претставува наведување на опасно дејствие;
• дали оваа акција од страна на ЈУ НП Шар Планина го заштити или сериозно го наруши угледот на Шар Планина како туристичка дестинација;
• дали „интервенцијата“ беше насочена кон зачувување на природната средина или смислено нанесување штета на авторот на производот за слободно скијање и негова јавна стигматизација со постоење реални сомнежи околу вистинските мотиви за „контролата“.
Особено загрижува фактот што истите службеници поминуваат покрај реални извори на загадување како што се бројните депонии низ Шар Планина, вклучувајки го и ѓубриштето на влезот во Попова Шапка кое што директно ги загрозува питките води за водоводот во Тетово, но закана препознаваат во ратрак кој се движи врз повеќе од еден метар снег.
ЈАВНИ БАРАЊА
Бараме:
1. Јавна објава на понудената спогодба, за да се утврди нејзината законитост и усогласеност.
2. Јавна објава на целата кореспонденција со операторот, за објективна проценка од јавноста и стручната фела.
3. Јасен одговор дали денешната постапка ја унапреди или ја наруши туристичката репутација на Шар Планина.
ПРАШАЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
До надлежните министерства и Владата на РС Македонија упатуваме прашање: дали ова е пример на владеење на правото и создавање овозможувачко опкружување за туризмот, или пример на институционално самоволие и нанесување штета на иноватор, дестинација и држава?
Националниот парк е јавен и им припаѓа на сите граѓани.
ТИМОТ НА ПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН ЛЕГИТИМЕН ОПЕРАТОР ЗА СЛОБОДНО СКИЈАЊЕ СО РАТРАЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
Ескимо Спорт ДООЕЛ Тетовo






