Естонија бара начин како на Украина да се испорачаат замрзнатите руски финансиски средства


Естонија работи на механизам со кој ќе може да се префрлат замрзнатите руски финансиски ресурси од Естонија во Киев со цел да се финансира закрепнувањето на Украина, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу.

Во интервју за естонскиот весник Postimes, тој изјави дека во таа земја се замрзнати 17 милијарди евра руски средства, но дека и покрај тоа што членките на ЕУ и дадоа инструкции на Европската комисија да изработи правна рамка за трансфер на пари од Естонија во Украина, не е постигнат голем напредок по ова прашање, пренесува ТАСС.

Руската државна агенција посочува дека по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина минатата година, Западот воведе сеопфатни санкции против Русија и ја зголеми испораката на оружје за властите во Киев во вредност од десетици милијарди долари.

Back to top button
Close