Етно концерт „Гајди и кавали“ вечер на „Велешко културно лето 2020“

– Во Ликовниот салон во Велес вечер, во 19:30 часот, ќе се одржи етно концерт  „Гајди и кавали“ во изведба на Балканскиот музички центар – Македонија.

Во рамки на програмата на „Велешко културно лето 2020“, „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда синоќа се одржа Поетско – музички перформанс на групата „ВИС Тркалезна маса“ – „Песни и звуци од чудната шума“, чиј настап беше награден со силен аплауз од велешката публика.

Како што информираа од „ВИС Тркалезна маса“, нивниот проект „Песни и звуци од чудната шума“ е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Преку музички пејзажи, публиката  да се воведе во амбиентот на шумата, а  се читаат песни за деца.

„ВИС Тркалезна маса” обединува писатели, музичари и уметници со различни уметнички искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели (Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан).

Настапија: Ана Голејшка Џикова – вокал, Ѓоко Здравески – вокал, Владимир Лукаш – гитара, мелодика, Васко Марковски – мандолина, мандола, Деан Шкартов – хармоника, сајзер, Душан Кировски – гитара , Перо Сарџоски – кавал, џембе, Владимир Мартиновски – тамбури, удиралки, Ѓорѓе Јовановиќ – усна харфа, ефекти, Круме Стефановски – кахон, Тома Димовски – деф.

Организаторот на „Велешко културно лето 2020“, Општина Велес сите концерти на отворено и затворено ги реализира согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19. ад/мд/

 

Back to top button
Close