ЕУ да плати само половина цена за вакцините против ковид-19

„Фајзер“ и „Бионтек“ испратија нов предлог до Европската Унија во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“.

Дополнително, измените на договорот ќе ѝ овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини приспособени на „сите идни варијанти на ковид-19“, се додава во написот.

ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза.

Разговорите доаѓаат во време кога Европската Унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите членки исцрпени од пандемијата.

Back to top button
Close