ЕУ ќе одвои 600 милиони евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција

Европската унија ќе одвои 600 милиони евра за зајакнување на границата на Бугарија со Турција, изјави денеска државниот секретар во бугарското Министерство за внатрешни работи Петар Тодоров.

Тој рече дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ја информирала Владата на Бугарија дека Комисијата одржала состанок за нов стратешки пристап за заштита на надворешната граница на ЕУ и оти Бугарија е приоритет.

„За зајакнување и техничка изградба на нашата граница ќе бидат издвоени повеќе од 600 милиони евра. Таму имаме над 110 километри технички необезбедена граница, а на останатите 200 километри има што да се направи“, посочи Тодоров.

Според него, парите ќе бидат потрошени за опрема, камери, сензори и автомобили.

Во првите три месеци приливот на мигранти е зголемен за 43 отсто во однос на лани

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close