ЕУ им понудила на САД царини „нула за нула“ за протокот на индустриски стоки

ЕУ им понудила на САД царини „нула за нула“ за протокот на индустриски стоки, бидејќи работи на избегнување сеопфатна трансатлантска трговска војна.Toa денеска го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Ние сме подготвени да преговараме со САД. Понудивме царини нула за нула за индустриски стоки, како што успешно направивме со многу други трговски партнери. Европа е секогаш подготвена за добар договор“, рече таа

Фон дер Лајен додаде дека понудата била дадена пред минатонеделното објавување на Трамп за воведување нови царини.

Царини од 20 отсто наметна Трамп за стоки од државите од Европската унија.

Back to top button
Close